5.8 C
Скопје
07:34 - 1 април, 2026

Принц Хари за починатата љубов Керолин Флак прозборе пред судот: „Фотографите беа кај неа пред самиот да стигнам таму“

Војводата од Сасекс неколку месеци во 2009 година имал љубовна афера со британската ТВ ѕвезда – водителката Керолин Флек, која почина во 2020 година, а со која морал да ја прекине врската поради притисок од медиумите.

Минатата среда, 7 јуни, принцот Хари сведочеше пред Високиот суд на Кралскиот суд на правдата во Лондон против таблоидите на британскиот издавач Mirror Group Newspapers (MGN). Зборувајќи за тоа како новинарите незаконски ги прислушувале неговите телефонски разговори, 38-годишниот војвода од Сасекс ја спомна и својата поранешна девојка Керолин Флек, со која имал кратка романса во 2009 година.

Според принцот, благодарение на прислушувањето, папараците успеале да дознаат каде се наоѓа Хари уште пред тој самиот да биде таму.

„Од ова прислушкување, сосема е јасно дека фотографите беа таму пред самиот да стигнам таму. Ме видоа како возам. А таа вечер беше само за мене и за Керолин, која, за жал, веќе не е со нас“, рече Хари.

Телевизиската водителка Керолин Флак, позната по британското реално шоу „Love Island“ (Осторв на љубовта) и „X Factor“, изврши самоубиство во 2020 година на 40-годишна возраст. Телото на девојката полицијата го пронашла на 15 февруари во нејзиниот стан во Лондон. Телевизиската ѕвезда се запознала со принцот Хари преку заедничка пријателка, Керолин Пинкам. Во времето на романсата, Хари имал 25 години и сè уште бил вклучен во британските вооружени сили.

„Знаев дека таа е пријателка со принцот Хари, но дотогаш претходно не го запознав, па си помислив: „Ох, тоа би било прилично возбудливо“ и за момент се разнежнив“, напиша Керолин Флак во своите мемоари од 2014 година и продолжи – „Но, штом во весниците излезе приказната за нашата романса, тоа беше тоа. Моравме да престанеме да се гледаме. Повеќе не бев Керолин Флек, ТВ водителката. Бев Керолин Флек, неизвесната девојка на принцот Хари“.

По судењето во кое Хари зборуваше за врската со водителката и притисокот кој го имале од папараците, се огласи во телевизиска емисија мајката на починатата Керолин давајќи му целосна поддршка на Хари.

Инаку, неколку години по врската со Хари, Керолин беше во љубов со Хари Стајлс кој до денес се сеќава на неа како на „прва голема љубов“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by POPSUGAR (@popsugar)

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....