12.8 C
Скопје
13:06 - 27 март, 2026

Принц Хари: „Моето семејство нема желба да се смири со мене и со Меган Маркл“

Принцот Хари изјави за ITV дека кралското семејство „апсолутно не сака да се смири“ со него и со неговата сопруга Меган Маркл.

Војводата од Сасекс, исто така, се отвори за заладените односи со кралот Чарлс и принцот Вилијам, тврдејќи дека сака да ги „врати“ татко му и брат му. „Не треба да биде вака“, рече тој. Принцот исто така нагласи дека сака „семејство, а не институција“.

Кралскиот експерт Џонатан Сакердоти претходно објасни дека Чарлс Трети ги исклучил принцот Хари и Меган Маркл од божиќниот говор затоа што настојувал „да го префрли фокусот од семејните драми на реалноста на животот на обичните луѓе“. Многумина мислат дека за тоа е виновен документарецот за Хари и Меган. Сепак, се дозна дека божиќниот говор на Чарлс III е снимен на 13 декември, пред емитувањето на последните три епизоди, полни со скандалозни откритија на војводата и војвотката од Сасекс.

Потсетуваме дека огромен број од Британците, дури 44% според неодамнешната анкета се за тоа да им се одземат титулите на Хари и Меган.

Слични објави

Луна Ѓогани ѝ се обрати на Анастасија по години молк: „Можеби и јас ја повредив“

Еспресо

(Фото) Биба Додева во сексапилно издание, ваква не ја знаеме

Еспресо

Каспер „копа“ по минатото на Мина Костиќ: Побарал фотографии од сестра ѝ во Белгија

Еспресо

Јордан Митев сподели убави вести: Конечно се случува!

msp-admin

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Херојски подвиг: Саша Ковачевиќ му помогна на човек по сообраќајна несреќа

Еспресо
Се вчитува....