11.8 C
Скопје
11:14 - 28 март, 2026

Принц Хари го чека „студен прием“ во Лондон: Членовите на кралското семејство нема да разговараат со него на крунисувањето

Високи членови на кралското семејство не планираат да комуницираат со принцот Хари за време на неговата посета на крунисувањето на Чарлс III, пренесува британски Мирор.

Според упатените, принцот Хари го чека „ладен прием“ за време на неговата посета на крунисувањето на неговиот татко.

Високи членови на кралското семејство „не се заинтересирани да разговараат со Хари надвор од најосновните честитки“, изјави извор од палатата за новинарите. Тој додаде дека војводата од Сасекс може да смета на комуникација со принцезите Беатрис и Евгенија, со кои останал во пријателски односи.

Британски „Експрес“ вчера објави дека престојот на принцот Хари во Вестминстерската опатија за време на крунисувањето на Чарлс III ќе биде внимателно структуриран за да не се преклопува со неговиот постар брат Вилијам. Помладиот син на кралот Чарлс III ќе седне неколку редови подалеку и поназад од постарите членови на кралското семејство, додека седиштата ќе бидат уредени така што браќата нема да можат ни да си ги вкрстат погледите, за да не бидат уловени од камерите доколку си разменат лути погледи.

Претходно беше објавено дека принцот Хари нема да учествува во кралската поворка по крунисувањето.

Слични објави

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Астро викенд: Мини совети за секој хороскопски знак

Еспресо

Дарко Лазиќ за смртта на братот: „Да можев да го вратам, никогаш повеќе не би запеал“

Еспресо

Хороскоп за 28 март: Овни, сочувајте го достоинството пред партнерот, Раковите се сосема занесени со саканата личност

Еспресо

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.
Се вчитува....