6.8 C
Скопје
07:38 - 31 март, 2026

ПРИКАЗНА СО СРЕЌЕН КРАЈ: Мало девојче се изгубило во шума, четири дена без трага ниту глас

Девојче од Русија кое немало ни две години, било пронајдено четири дена откако се изгубило во шумата.

Људа Кузина залутала од својот дом во регионот Смоленск западно од Москва, што довело до масовна потрага во која биле вклучени стотици луѓе.

Девојчето било без храна и вода, но за среќа била пронајдена жива четири дена подоцна откако ја слушнале како лелека. Ја искасале инсекти, но била среќна што повторно била во прегратките на својата мајка.

„Рече дека повеќе нема да бега од мајка си, иако не знам колку долго ќе го памети тоа ветување“, изјавила нејзината мајка Антонина Кузина за весникот „Komsomolskaya Pravda“, пренесува „BBC“.

Откако го пронашле девојчето било однесено во болница

Људа исчезнала откако таа го напуштила семејниот дом минатиот вторник. Девојчето си играла надвор со својата 4-годишна сестра, но залутала во блиската шума додека нејзината мајка била кај соседите.

Околу 400 доброволци и полицајци се пуштиле во потрага по девојчето. Тие не можеле да ја најдат цели четири дена, додека една група не направила пауза за да се одмори околу четири километри подалеку од куќата. Тогаш слушнале некои звуци.

„Четвртиот ден ја пронајдоа во грмушки под едно дрво“, рекла мајката.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....