8.8 C
Скопје
19:04 - 30 март, 2026

Пријателот на Лила за нејзината борба со ракот: „Таа е лавица која во ниеден миг не се предаде“

Лила Филиповска ги собра сите симпатии од јавноста споделувајќи ја отворено нејзината животна приказна за борбата со канцерот и давајќи им поддршка на сите кои поминуваат низ исти или слични животни предизвици.

фото Аверел

По повеќе од една година исполнета со неизвесност, очекувања, терапии и стравови, омилената ТВ-водителка победнички може да каже дека е здрава.

„Канцерот ми го смени животот но не и мојата вредност. Прв пат зборувам за мојата борба со канцерот, но не да ве траоризирам туку да ви кажам дека го победив тоа зло после година и кусур борба и дека сум тука да помогнам некому заедно да го победиме. Не заборавајте канцерот не е непобедлив ! Јас сум доказ!“ – напиша водителката на Фејсбук.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

По отвореното интервју на Лила за „Убавина и здравје“ многумина го искажаа својот восхит кон водителката споделувајќи пораки за поддршка на социјалните мрежи.

Меѓу ни е и нејзиниот пријател Спасе Јовановски, познат како еден од презентерите на временската прогноза на ТВ Сител.

„И додека го читам интервјуто, и се трудам да не заплачам…Се присетувам како се почна, и како се (фала му на бога) одлично заврши! Ќе ви посакам и на вас, да имате вакво верно пријателство, пријателство во коа ќе бидете секогаш тука, и во добро и во зло! За моја Лики, ќе кажам дека е една лавица која овааа вест ја прими шокантно, но не дозволи да ја покори, и ниту во еден миг, не се предаде!

Никој не знаеше низ каква голгота помина, но ја помина со крената глава и насмевка!
А сега, се што ни останува е да го славиме животот! Живели!“ – напиша Спасе на својот Фејсбук профил.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....