17:41 - 30 јануари, 2026

Пријателите на Џенифер Лопез предвидуваат: Ќе го надмине разводот со Бен Афлек и ќе му се врати на Алекс Родригез!

Се шират гласини дека Џенифер Лопез и Бен Афлек се на работ да објават развод, а изворите сугерираат дека официјална изјава е неизбежна. Големото прашање не е дали, туку кога ќе пристгнат официјалните вести.

Во меѓувреме, извор близок до Лопез изјави за Дејли меил, дека таа претпочита да објавува главни вести во петок, навестувајќи дека пејачката и актерка можеби го чека совршениот момент за да го објави разводот.

Инсајдерот откри дека Лопез најверојатно ќе ги спои вестите за развод со значајно ажурирање на кариерата, како што е нов спектакл во Вегас или друг голем проект.

Како што се наѕира разделбата со Афлек, се зголемуваат шпекулациите дека Лопез би можела повторно да се поврзе со нејзиниот поранешен вереник, легендата на Јенки, Алекс Родригез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by E! News (@enews)

Врската на Лопез и Родригез започна во 2017 година по случајна средба во ресторан. Подоцна истата година, тие кренаа голема врева појавувајќи се заедно на Мет Гала, а Родригез ѝ предложи брак со неверојатен дијамантски прстен од 4 милиони долари во 2019 година, дури и доби честитка од поранешниот претседател Барак Обама.

Сепак, парот ја заврши својата свршувачка во февруари 2021 година поради гласините за неверството на Родригез во врската со реалити ѕвездата Медисон Лекрој. Родригез моментално е во врска со фитнес експертката Жаклин Кордеиро.

„Тој секогаш беше нејзин најдобар партнер“, објаснува пријателка на пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABC7NY (@abc7ny)

„Мислам дека изневерувањето повеќе не е нешто за неа. Мислам дека нема да објави дека се разделува додека во секој случај не побара некој друг“, додава таа.

„Тие беа усогласени во однос на начинот на живот, изгледот, дотерувањето, приватните авиони и сето останато. Тие беа одлични заедно; тие беа совршен пар“.

„Нема да бидеме изненадени ако повторно се заедно. Тоа беше долга врска и нивните семејства навистина се зближија“, заклучува изворот близок до Лопез за Дејли меил.

(Фото) Павле и Ирина Камилоски му направија крштевка на синот Јосиф

Слични објави

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Еспресо

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо
Се вчитува....