9.8 C
Скопје
19:04 - 15 март, 2026

Прија му забрани на Филип да работи со други пејачи: „Ништо нема да оди подалеку од нашата куќа!“

Александра Пријовиќ му забранила на својот сопруг Филип Живојиновиќ да работи со други пејачи. Како што пренесуваат српските медиуми, таа сака сопругот да ѝ биде само нејзин соработник, евентуално и на Брена, ако таа посака.

Откако Прија започна врска и подоцна стапи во брак со Филип, кој со текот на времето стана автор на нејзините песни и продуцент, нејзината кариера е подигната на повисоко ниво.

За само неколку години таа стана една од најголемите ѕвезди во регионот. Пејачката со само 28 години ги наполни најголемите сали во регионот, дури 14, закажа и нови за годината што претстои, а она што прави луѓето толку многу да ја обожаваат пејачката, покрај нејзиниот глас, се и песните , кои, меѓу другите автори, ги напишал нејзиниот сопруг

Пред да почне да пишува песни за Александра, Филип соработуваше само со Лепа Брена, за која го направи големиот хит „Болиш и не пролазиш“.

Сепак, многу колеги на пејачката сакале Живојиновиќ да им напише песна и за нив, но како што пренесуваат српските медиуми, Александра била против, па тоа никогаш не се случило и најверојатно нема да се случи.

– Многу пејачи се воодушевени од успехот на Александра, но и од нејзините песни. Една од нејзините колешки сакала да ја има песна од Филип на нејзиниот албум, но Прија одбила. Таа рече дека песни никогаш нема да излезат од нивната куќа, дека може да работи за неа или за Брена. На нејзината колешка тоа ѝ било чудно, но не се налутила, туку контактирала со некои други продуценти и текстописци, кои ѝ напишале нови песни. И некои други пејачки беа заинтересирани да го имаат Живојиновиќ за соработник, и тоа не ме чуди, бидејќи сите песни што ги напиша станаа хитови. Засега е така, а времето ќе покаже дали нешто ќе се смени и дали Филип во иднина ќе соработува со други пејачи – пренесуваат српските медиуми.

(Видео) Александра Пријовиќ во дует со сопругот Филип: Ќе ве шокира неговиот глас

Слични објави

(Фото) Новата објава на Дарко Лазиќ по погребот на неговиот брат е срцепарателна: „Не дозволувајте никој кој не е во вашите чевли…“

apostolova

Тони Цетински покрај богатата кариера има и богат љубовен живот: Трипати кажал „да“

Еспресо

„Ѝ посакувам…“ Поранешната снаа на Зорица Брунцлик проговори за здравјето на пејачката: „Таа е баба на моите деца“

Еспресо

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо
Се вчитува....