11.8 C
Скопје
09:59 - 21 октомври, 2026

Причината за смртта на Кенет Мичел: Што се случи со актерот од „Ѕвездени патеки“ и „Капетан Марвел“?

Популарниот актер Кенет Мичел (49) ја загуби битката со АЛС (амиотрофична латерална склероза), болест од која страдаше во последните пет години.

„Со тешко срце ја објавуваме смртта на Кенет Александар Мичел, саканиот татко, сопруг, брат, вујко, син и драг пријател“, напиша неговото семејство во соопштението споделено преку Х и Инстаграм во неделата.

„Кен беше надалеку познат како актер во многу филмови и телевизиски серии“, се вели понатаму во соопштението. „Тој портретираше олимписка надеж, преживеан од апокалипса, астронаут, татко на суперхерој и беше дел од четири „Ѕвездени патеки“.

„Кен беше вреден и посветен во сè што правеше, но како татко овие особини го покажаа својот целосен израз. Тој беше исклучително посветен за да биде позитивна и разиграна подвижна енергија во животот на своите деца“, се објаснува во соопштението и се додава дека без разлика на неговата инвалидност во последните години, Кен најголем де од времето го посвтувал на своите деца на кои се гордеел.

ALS е кратенка за амиотрофична латерална склероза и тоа е прогресивна невродегенеративна болест која влијае на нервните клетки во мозокот и ‘рбетниот мозок. Мичел страдаше од болеста од 2018 година.

Тој почна да користи инвалидска количка во 2019 година, а потоа излезе во јавноста за јавно да проговори за својата физичка состојба во 2020 година и за начинот како тој со сопругата се справуваат со болеста но и за тоа колку таа им го променила животот.

 

Слични објави

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Петар Грашо за бракот со Хана Хуљиќ: „Имаме некој вид на душевен блутут“

Еспресо

Хороскоп за 21 октомври: Партнерот се оддалечува од Раковите, а на Девиците им подготвува изненадување

Еспресо

(Фото) Внуката на Драгана Мирковиќ го слави својот прв роденден – замокот во Австрија е обоен во розова боја

Еспресо

Овие песни се посветени на Ксенија Пајчин — малкумина знаат дека познатиот пејач ѝ беше брат, а раперот беше лудо вљубен во неа

E.A.

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо
Се вчитува....