6.9 C
Скопје
04:28 - 1 април, 2026

Премиерката на Нов Зеланд го запроси партерот додека ја објавуваше својата оставка: „Кларк, ајде конечно да се венчаме“

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн, објавувајќи ја својата оставка во четврток, на 19 јануари, му предложи брак на своето момче Кларк Гејфорд.

Одговарајќи на прашања на новинарите за плановите за живот по повлекувањето од функција, 42-годишната Џасинда Ардерн призна дека ќе поминува повеќе време со своето семејство – момчето Кларк Гејфорд и нивната заедничка ќерка, четиригодишна Нев.

„Нев, мама со нетрпение очекува да те види на првиот училишен ден оваа година. Кларк, ајде конечно да се венчаме“, се сврте Ардерн кон партнерот и ќерката.

Таа, исто така, изрази благодарност до нив како луѓе „кои ги дадоа најголемите жртви“.

Џасинда Ардерн и Кларк Гејфорд се свршени од 2019 година. Свадбата требаше да се одржи во јануари 2022 година, но се одложи поради избувнувањето на омикронската варијанта на коронавирус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stuff (@nzstuff)

Ќерката на премиерката се роди додека таа беше на функција, во 2018 година.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....