4.8 C
Скопје
10:47 - 22 декември, 2024

Предвидувањата за ноќта на ОСКАРИТЕ 2022: Фаворити за најдобра актерка нема, за најдобар актер е…

Какви се актуелните предвидувања на ноќта на Оскарите која ќе се случува во недела навечер? Кои филмови се фаворити за Оскар?

Меѓу најголемите фаворити е омилениот филм на филмските фанови –  „Моќта на кучето“ на Џејн Кемпион. Во категоријата за најдобар актер се гледа директна пресметка меѓу Вил Смит и Англичанецот Бенедикт Камбербач.

Но изгледа дека нема јасен фаворит за категоријата за најдобра актерка!

Се ближи ноќта на Оскарите 2022. Церемонијата на доделувањето на наградите ќе се одржи во недела на 27 март во театарот Долби во Холивуд и Хајленд Центарот. По две години ограничувања поради пандемијата, Оскарите во 2022 година се враќаат со женска екипа водителки – Ванда Сајкс, Ејми Шумер и Реџина Хол ќе го претстават најочекуваниот настан на годината.

Се враќаат и на црвениот тепих многу гости, меѓу кои и победници од претходните изданија и успешни филсмки ѕвезди. Меѓу другите, се очекува присуство на Лејди Гага, Кевин Костнер,  Рози Перез, Крис Рок, Хали Бејли, Семјуел Л. Џексон, Џејми Ли Кертис и Зои Кравиц.

Оваа година, награда на публиката беше воведена за прв пат: ќе ја освои филмот со најмногу гласови на Твитер, а се гласаше под хаштагот #OscarsFanFavorite. Наградата е официјално признаена од Академијата, иако статуетка нема да биде доделена на бината, туку накнадно на посебен настан.

Ова се 10-те фаворити: Army of the Dead”, “Cenerentola”, “Dune”, “Malignant”, “Minamata”, “Моќта на кучето“, “Sing 2”, “Spider-Man: No way home”, “The suicide squad”, “Tick, tick… Boom!”

Доминира на листата на номинации за ноќта на Оскарите во 2022 година „Моќта на кучето“, филмот во режија на Џејн Кемпион кој освои 12 номинации. Веќе го освои Сребрениот лав на филмскиот фестивал во Венеција и триумфираше на Златен глобус и Бафта.

На второ место со 10 номинации е „Дина“ на Денис Вилнев. На третото место изедначено, со по 7 номинации, се „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“.

Најдобар главен актер, ова се фаворитите

Фаворит за победа е Вил Смит, ѕвездата на „Кралот Ричард“, филмот во кој го игра таткото на идните тениски шампиони Венус и Серена. Тој ќе мора да се бори со Бенедикт Камбербач, кој во „Моќта на кучето“ е Фил Бурбенк, мизогинист. Британскиот актер е со своја втора номинација, по онаа за „The Imitation game“ во 2015 година. Двократниот оскаровец Дензел Вашингтон за „Трагедијата на Магбет“, Ендрју Гарфилд за „Тик, тик… Бум!“ и Хавиер Бардем, поранешен добитник на Оскар во 2008 година со негова четврта номинација за „Being the Ricardos“.

Номинирани за најдобра главна актерка

Во оваа категорија номинирани се пет актерки, а вистински фаворит нема. Тоа се Никол Кидман за „Being the Ricardos“, Пенелопе Круз за „Madres paralelas“ на Педро Алмодовар, Оливија Колман за „Изгубената ќерка“, Кристен Стјуарт за „Спенсер“ и Џесика Честејн за „Очите на Тами Феј“.

Во раните утрински часови, односно в недела после полноќ, ќи дознаеме победниците.

 

Слични објави

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо
Се вчитува....