29.3 C
Скопје
15:59 - 17 јуни, 2026

Познато е кој бугарски град ќе биде домаќин на Евровизија 2027 по историската победа на Дара

По историската победа на пејачката Дара, која на Бугарија ѝ го донесе првиот триумф на Евровизија, потврдено е дека следното издание на натпреварувањето ќе се одржи во Софија. Бугарија годинава првпат го освои престижниот музички спектакл, а песната „Бангаранга“ ја освои публиката ширум Европа.

За разлика од претходните години, овојпат немаше натпревар меѓу повеќе бугарски градови. Милена Милотинова, генерална директорка на Бугарска национална телевизија, потврди дека одлуката била донесена без дилема. На прес-конференција кусо порача:

„Се гледаме следната година во Софија.“

Инфраструктурата пресуди

Како што пренесува германскиот портал ESC Kompakt, Софија уште од самиот почеток важела за главен фаворит за домаќин. Главниот град на Бугарија, со околу 1,3 милиони жители, ги исполнува сите услови што Европската радиодифузна унија ги бара од организаторите на Евровизија.

Градот располага со голема арена со повеќе од 10.000 седишта, доволни хотелски капацитети и најголемиот аеродром во земјата. Арена Софија ги поседува и техничките услови неопходни за комплексна сценска продукција, вклучувајќи висок плафон и големи продукциски простори.

Доколку биде потребен дополнителен простор за организација и медиумски активности, новинарскиот центар би можел да биде сместен во Софија Тек Парк.

Софија има и најдобра меѓународна поврзаност во Бугарија. Аеродромот функционира во текот на целата година, а токму во главниот град се наоѓаат најважните медиумски куќи, продукциски компании и државни институции.

Бургас остана резервна опција

Како можна алтернатива се споменуваше и Бургас, град на брегот на Црното Море. Иако можеше да понуди атрактивна атмосфера и поинаков амбиент за натпреварувањето, се покажало дека нема доволно развиена инфраструктура за настан од ваков обем.

Најголем проблем претставувале ограничените авионски линии надвор од туристичката сезона, како и помалиот капацитет на аеродромот, што на крајот пресудило во корист на Софија, пишува Index.hr.

Слични објави

(Фото) Направи забава со маскенбал – Барбара Бобак го прослави роденденот како Џек Спероу

Еспресо

Најзгодната хрватска навивачка со порака до Англичаните: „Им реков на Би-Би-Си дека ќе ги разбиеме“

Еспресо

Милица Павловиќ проговори за Ру: „Ми го промени животот засекогаш“

Еспресо

„Денови на среќа“ – Момчето на Јована Јеремиќ сè уште ги чува фотографиите каде што ја гушка и бакнува бившата

E.A.

(Видео) Цеца во патики на концертот на Рики Мартин во Белград: „Атмосферата е на максимум“

Еспресо

(Фото) Огњен Амиџиќ полни 50 години – сопругата Мина му честиташе со негова фотографија од детството

Еспресо
Се вчитува....