00:58 - 7 ноември, 2026

Марина Перазиќ стана баба, гордиот дедо ја објави веста

Поранешниот тапанар на култната рок-група „Екатарина Велика“, Иван Феце Фирчи (63) и пејачката Марина Перазиќ (67) станаа баба и дедо. Среќната вест ја сподели токму Фирчи на социјалните мрежи, откривајќи дека нивната ќерка Луна Феце родила син.

„Станав дедо пред половина час! Машко! Браво Луна и Сандро!“, напиша музичарот, предизвикувајќи воодушевување кај следбениците.

Бурна љубовна врска

Да потсетиме, иако никогаш официјално не биле во брак, Марина Перазиќ и Иван Фирчи со години беа еден од најпознатите парови во поранешна Југославија. Нивниот однос често ги полнеше медиумските страници, особено по раскинувањето, кога и двајцата јавно изнесуваа детали од заедничкиот живот.

Поранешните партнери имаат две ќерки, Мија Феце и Луна, но ни по разделбата не престанаа јавно да зборуваат еден за друг. Учествувајќи во различни ријалити-емисии, често изнесуваа меѓусебни обвинувања и детали од приватниот живот.

Фирчи своевремено тврдеше дека Марина била фокусирана на парите и дека му „ги одзела децата“, додека Марина него го обвинуваше за физичко и психичко малтретирање и тврдеше дека во нивниот дом довел друга жена. Од друга страна, Фирчи ги отфрлаше нејзините обвинувања.

По раскинувањето со децата се вратила во Хрватска

Марина и Фирчи од 1988 година живееле во Њујорк, каде што се преселиле по негова желба. По раскинувањето во 1997 година, Марина со децата се вратила во Хрватска.

Нивната постара ќерка Мија подоцна се вратила во Њујорк, каде што изградила успешна кариера и станала претприемачка, што често го покажува и на социјалните мрежи.

Помладата Луна сакала да тргне по стапките на мајка си, па своевремено се пријавила во популарното музичко натпреварување „Први глас Србије“. Сепак, се откажала од натпреварувањето и подоцна, според пишувањата на медиумите, се посветила на манекенска кариера.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....