00:50 - 7 ноември, 2026

(Фото) Среќен роденден љубов моја: Наде Талевска насмеана со Филип

Пејачката Наде Талевска ги разбуди љубопитните погледи на своите следбеници откако на социјалните мрежи му упати посебна роденденска честитка на Филип Ангелковиќ.

На инстаграм-профилот на Филип, може да се види дека тој живее во Лондон и е тренер по ракомет.

„Среќен роденден“ и, „Љубов моја“ беа зборовите со кои Наде го одбележа неговиот роденден, споделувајќи и заедничка фотографија на која двајцата позираат блиску, во опуштена атмосфера покрај вода.

Токму зборовите „љубов моја“ веднаш отворија прашања, дали станува збор за љубовна врска?

Поп и оперската пејачка во неодамнешно интервју за „Слободен печат“ проговори за разводот.

„Изминаа веќе неколку години откако нашите животни патишта се разминаа, меѓутоа неспорен е фактот дека тој е посветен и грижлив татко, кој секогаш е тука како голема поддршка на своите синови“, рече пејачката за сопругот.

Таа е мајка на три сина Максим, Михаил и Матео, а за нив изјави:

„Не би била искрена ако кажам дека е лесно да се биде самохрана мајка, но задоволството е неискажливо кога сведочиш на тоа како твоите деца се развиваат во прекрасни и одговорни индивидуи. И се разбира дека сум ѝ неизмерно благодарна на мојата мајка, која е секогаш покрај мене и безрезервно ме поддржува и ми потпомага за сè во животот“, рече Талевска.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....