10.8 C
Скопје
21:51 - 17 октомври, 2026

„Повеќе бев со него отколку со самиот себе“: Вака зборуваше Гоце Тодоровски за пријателството со Ванчо Петрушевски

Гоце Тодоровски, кој почина вчера на 75-годишна возраст, никогаш не можеше да ја преболи смртта на својот голем пријател актерот Ванчо Петрушевски, кој почина на 25 август 2018 година на 67-годишна возраст, по несреќен случај од струен удар во неговата викендичка во Орешани.

Во емисијата „1на1“ од 2018 година, Гоце Тодоровски со големи емоции зборуваше за својот долгогодишен пријател и колега, откривајќи дека токму тој е човекот кој го насочил кон актерската професија.

Нивното пријателство започнало уште кога биле деца и траело повеќе од половина век.

„Бидејќи бевме другари од 1962 година, тогаш се вратив во Подгорица и заедно запишавме петто одделение. Уште од тие детски денови правевме разни скечеви, настапувавме и на родителски состаноци.“

Со насмевка, но и со тага, Тодоровски се присетуваше дека со Ванчо поминале речиси цел живот заедно.

„Заедно бевме 54 години. На комеморацијата реков: повеќе бев со него отколку со самиот себе.“

На забелешката на водителот дека веројатно го познавал подобро отколку себеси, Гоце се пошегува:

„Па заедно спиевме, повеќе спиев со него, отколку со жена ми. Во различни кревети, ама во секој случај…“

Ова искрено сведоштво останува едно од најемотивните сеќавања на Гоце Тодоровски за човекот со кого не само што ја делел сцената, туку и животот. Нивното пријателство, кое траело 54 години, било многу повеќе од колегијален однос, било братство што оставило длабока трага.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....