12.8 C
Скопје
05:31 - 26 септември, 2026

(Видео) Дарио со емотивна приказна за вечерта во Струга: „Ова се случува многу ретко“

По една многу емотивна вечер, кантавторот Дарио ја отвори душата и раскажа што му се случило во Струга.

По повеќе од две децении пауза, Дарио Панковски повторно настапи во Струга, а впечатоците од концертот ги сподели во емотивен статус на социјалните мрежи. Пејачот признава дека пред концертот немал големи очекувања, но, како што самиот вели, тоа била „огромна грешка“.

Во преполното „Галеб-Пливалиште“, според Дарио, се случила вечер исполнета со еуфорија, песна и одлична атмосфера, а особено бил импресиониран од струшката публика и поддршката што ја добил.

„Никогаш, ама баш никогаш не пишувам долги постови, реферати, но овој пат едноставно морав. Во Струга, верувале или не, не сум настапувал повеќе од две децении, и самиот не знам зошто. Чудно? Многу! Срамота? Уште повеќе! Веројатно затоа што е секогаш малку ‘отпат’ во однос на главната шема во вечно фаворизираниот Охрид. И искрено, вчера отидов во Струга без никакви посебни очекувања. Огромна грешка! Синоќа во преполното „Галеб / Пливалиште“ во Струга имавме една фантастична, еуфорична вечер каква што ретко се гледа. Повеќе општонародна забава, прослава и журка отколку концерт. Преубави, дотерани, прерасположени, добри, весели, урбани и искрени луѓе од сите генерации. Пред сè стружанки и стружани, но ништо помалку и битолчани, охриѓани и скопјани“, напиша Панковски.

Тој откри дека особено го изненадила енергијата на машкиот дел од публиката, кој, како што вели, искрено ги пеел сите негови песни.

„Посебно ме фасцинираше машкиот дел од публиката со својата искреност, почит и сесрдна поддршка и пеење на песните од А до Ш, онака машки! Верувајте ми на збор, тоа се случува многу, многу ретко кога е на сцената машки изведувач. Благодарам, голем респект! За понежниот пол не сакам ни да зборувам. Како и секогаш, најубавиот женски придружен хор од прва до последна песна. Ве обожавам!“, додаде пејачот.

На крајот, Дарио им се заблагодари и на организаторите на концертот, истакнувајќи дека сè било реализирано на највисоко професионално ниво.

„И на крајот, огромен поздрав до менаџерскиот тим на ‘Галеб -Пливалиште’, кои ги одработија преговорите, организацијата и реализацијата на највисоко професионално, но и многу топло пријателско ниво. Вие, драги пријатели, сите заедно со струшката публика синоќа покажавте дека имате срце поголемо и пошироко дури и од езеро! Здравје Боже, се гледаме пак!“, порача Дарио.

Слични објави

Хана Хуљиќ за Петар Грашо: „Од концерт доаѓа дома во четири-пет наутро само за да биде со нас“

Еспресо

„Првата половина од мојот живот ја поминав…“: Марија Шерифовиќ донесе важна одлука на Бали

Еспресо

(Фото) Новата снаа на Брена се всели во станот на Виктор од 700.000 евра: Александра го покажа неверојатниот луксуз

Еспресо

(Фото) Торта на три спрата, скокалница и декорации – Сека Алексиќ го претвори дворот во игротека за роденденот на синот Јаков

Еспресо

„Својот труд го трошеше на луѓе кои тоа не го заслужија“ — Сузана Јовановиќ е разочарана од луѓето по смртта на Сaша Поповиќ

E.A.

„Одев по улица со синот и врескав на целиот глас“ — Стоја се присети на најтешкиот период кога ја избркале од дома со тригодишно дете

E.A.
Се вчитува....