02:51 - 7 ноември, 2026

(Фото) Таткото на Лозано прослави јубилеј — специјална забава со внукот Марко

Таткото на пејачот Влатко Лозаноски – Лозано го прослави јубилејниот, 70. роденден.

Фотографии од семејната прослава на социјалните мрежи објави неговата сестра Марија Лозаноска, професорка по македонски јазик, лекторка и авторка, која често споделува семејни моменти со своите следбеници.

На фотографиите дедото Злате е во друштво на својот внук Марко, синот на Лозано кој во октомври ќе наполни две години. Малиот Марко му помогна да ги изгасне свеќичките на роденденската торта, а потоа весело му аплаудираше.

„Среќен 70. роденден, тато (деде) Злате!“, напиша Марија во описот на објавата.

Фото: Скриншот

Лозано претходно има зборувано за тоа колку му значи семејството.

„Моето семејство е мојата основа и сила, и токму од таму црпам инспирација и баланс во сè што правам“, изјави пејачот во едно интервју за „Слободен печат“.

Пејачот ретко ја експонира својата приватност, но ваквите моменти покажуваат дека семејството има посебно место во неговиот живот. Прославата на 70. роденден на неговиот татко беше исполнета со насмевки, торта и многу семејна топлина.

Во истото интервју, Лозано со љубов зборуваше колку татковството го сменило.

„Татковството е најодговорната, но и најубавата улога што сум ја имал досега. Те менува од корен, те учи на трпение, на безусловна љубов и на тоа да ги гледаш работите од поинаква перспектива. Секој ден е ново учење и, искрено, уживам во секој момент, без разлика дали е лесен или предизвикувачки. Се трудам да бидам присутен и вистински вклучен, затоа што верувам дека времето и вниманието се најголемиот подарок што можеш да му го дадеш на своето дете. Семејството ми е темел и сила и токму од таму црпам инспирација и рамнотежа во сè што правам“, изјави пејачот.

Неговите родители кои живеат во родното Кичево и сестрата се неговата најголема поддршка. Тие беа во публиката на големиот концерт на Лозано на 7 март во Скопје, а пејачот им упати специјален поздрав.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....