17:55 - 1 април, 2026

Потресна исповед на Камерон Дијаз: „Сврзував крај со крај, немав работа“, „ме искористија како параван за пренесување дрога“

Холивудската актерка Камерон Дијаз се присети на мрачните моменти од нејзината младост, кога во деведесетите ја користеле како параван за пренесување дрога.

За среќа, од застрашувачката судбина ја спасила главната женска улога во блокбастерот „The Mask“ со Џим Кери , а со тоа и вртоглавиот подем како актерка.

Ова експлозивно признание доаѓа во време кога 49-годишнината глумица се враќа на големото платно по осумгодишна пауза во комедијата „Back In Action“.

Во поткастот „Second Life“, Камерон неодамна се присети на почетоците на нејзината кариера кога се преселила во Париз во потрага по работа како тенка и висока манекенка.

„Бев цела година во Париз и не работев ниту еден ден. Не можев да најдам работа за да преживеам. Потоа добив една работа, но мислам дека испаднав дека сум параван кој требаше да транспортира дрога за Мароко“ – рече русокосата убавица.

Камерон истакна дека немала поим дека носи недозволени супстанци додека не пристигнала на аеродромот, а откри дека испаничила кога сфатила дека е „наместена“ и искористена.

„Беа рани 90-ти и ми дадоа заклучен куфер во кој наводно се моите костими. Јас сум русокоса, синоока девојка во Мароко. Носам искинати фармерки и чизми на платформа, косата ми е пуштена – ова е навистина небезбедно.Им реков: „Не знам, не е мое, појма немам чие е. Тоа беше единствената работа што ја добив во Париз“, објасни таа.

Инаку, избегнала казна затвор од најмалку 10 години за трговија со дрога.

Слични објави

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.
Се вчитува....