19:03 - 11 јули, 2026

Нови детали за убиството на Шинзо Абе: Сектата Мун потврди дека мајката на убиецот е нивен член

Јапонската полиција смета дека Јамагами „бил лут на оваа организација“ и решил да го убие Абе затоа што мислел дека е дел од неа. Неговата мајка дала голема донација за сектата.

Мајката на Тецуја Јамагами, човекот кој го уби поранешниот премиер Шинзо Абе, е следбеничка на Црквата за обединување, основана од проповедникот Мун. Религиозна група ова го откри на прес-конференција во Токио.

Јамагами, кој го застрела Абе со рачно изработен пиштол за време на митинг во Нара, и изјави на полицијата дека негувал силно незадоволство против религиозната група на која мајка му дала „голема донација“, оставајќи го семејството на улица. Абе станал негова цел бидејќи тој верувал дека е поврзан со оваа група.

Потврдувајќи дека мајката на напаѓачот и припаѓа на организацијата, претседателот на црквата за обединување во Јапонија, Томохиро Танака, не објави никакви детали за какви било финансиски придонеси на истата, објаснувајќи дека госпоѓата присуствувала на настаните еднаш месечно.

„Постојат членови кои донираат големи суми пари и ние сме многу благодарни на овие поединци, но прецизираме дека тие го прават тоа самоволно“, објасни Танака за време на прес конференцијата во Токио, организирана за да одговори на многубројните прашања што се појавија по убиството на поранешниот премиер.

Мајката на убиецот се приклучила на црквата во 1998 година. Црквата на обединување е христијанско движење основано во 1954 година во Јужна Кореја од починатиот проповедник Сун Мјунг Мун во 2012 година, а во последно време членовите особено се присутни на таканаречените  „масовни свадби“ кои ги прославува самиот Мун. Организацијата има неколку милиони членови во Јужна Кореја, Јапонија и САД, пренесува раињуз.

Слични објави

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо

(Фото) Сузана Манчиќ покажа како изгледа без шминка на прагот на осмата деценија: Воодушеви со природниот изглед

Еспресо

„Не ми се ни јави“: Лепа Лукиќ не крие дека е лута на Лепа Брена, ја обвини за едно нешто

Еспресо

Тамара Волческа запеа на друг јазик – одличен летен хит за додека возите накај плажа

apostolova
Се вчитува....