8.8 C
Скопје
18:52 - 31 март, 2026

Посебен ден за водителот Ненад и неговата сопруга – ова е нивната љубовна приказна

Водителот Ненад Ѓорѓиевски е посветен сопруг и татко, долги години е во брак со сопругата Горана, татко на Иво и Љупка. Тој е дел дел од екипата на Тв „Телма“, а претходно, долги години сме го гледале на повеќе на Тв фреквенции.

„Успевам да го вакумирам денот, па од еден да направам три. (се смее) Со добар распоред, ги завршувам сите обврски. Но приоритет е и семејството, попладнето и викендите се само за нив“, рече во една прилика Ненад за „Слободен печат“, а потоа се сети на своите почетоци.

„Имав отприлика 8 години и бев гостин во една од образовно- училишните емисии на МТВ и од трема го згрешив името на улилиштето во кое учев. А како водител, неколку години подоцна, почнувајќи во Македонското радио 2 и во училишните проекти на МТВ“.

Ненад денеска има посебен повод за среќа, тој слави 15 години љубов со својата сопруга, и пот тој повод објави романтично видео од нивната свадба на Инстаграм и напиша:

„15 години љубов, смеа и спомени! Од првиот ден до денес – сè што поминавме заедно ни е најголем благослов. Уште многу години исполнети со љубов, поддршка и соништа“.

„Со Горана сме во брак 15 години, а се знаеме и дружиме, веќе не знам ни јас точно, скоро половина мој живот. Се запознавме преку заеднички пријатели, а наскоро потоа почнавме и да соработуваме“, реле Ненад за својата сакана.

Слични објави

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо
Се вчитува....