10:56 - 3 април, 2026

Поранешната пријателка на Хари и Меган го осуди нивниот однос кон крунисувањето: „Маркл е себична, се става себе пред децата и сите други!“

Поранешната добра пријателка на Меган Маркл, британската ТВ водителка Лизи Кенди, ја нарече Меган „себична“ затоа што одби да учествува на претстојното крунисување на Чарлс Трети, пренесува британски Дејли Мирор.

„Мислам дека Меган нема да дојде на крунисувањето бидејќи знае дека ќе биде исвиркана, но ги става сопствените чувства и грижи за тоа над нејзините деца“, рече таа.

Кенди е особено огорчена што двете деца на војводата и војвотката од Сасекс, Лилибет и Арчи, нема да присуствуваат на значајниот настан.

„Што ќе им кажат Хари и Меган на своите деца кога ќе пораснат? Кога децата ќе прашуваат: „Зошто не бевме таму во тој историски момент на Велика Британија? Зошто не бевме на тој балкон? Што ќе каже Меган? Знаев дека ќе ме исвиркуваат, па не сакав да одам. Таа [Меган Маркл] се става себеси над сите други “, рече ТВ водителката.

Кенди се запознала со Маркл во 2013 година кога од нив било побарано да седнат една до друга на хуманитарен настан. Тие престанаа да зборуваат кога Маркл и Хари се преселија во САД.

Слични објави

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо
Се вчитува....