11:52 - 18 август, 2026

Попоски: „Зимата допрва доаѓа“, голем студ, дожд и снег, еве кога

– Под влијание на изразена влажна и студена воздушна маса од север, од утре па натаму во Македонија ќе имаме НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО време со потпросечни температури на воздухот за овој период од годината. Сето ова ќе биде проследено со повремено ЗАСИЛЕН ветер од северен и од североисточен правец.

Низ целата наша територија ќе има и врнежи од дожд и особено утре попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник на повеќе места врнежите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2 воден талог). На планините, како и на повисоките места со надморска височина од 1000 метри па нагоре и тоа во западните предели ќе има врнежи од СНЕГ.

Снежната граница повремено и тоа особено во западните предели би можела да се спушти дури и под 1000 метри, со што појава на ЛАПАВИЦА  е можна и понекаде на пониските места (градовите).

На повисоките места (од 1000 метри па нагоре) ќе се формира снежна покривка од над 15 цм, додека на планините дури и над 20 цм снег, особено на запад  и северозапад од Македонија.

Во Скопје се очекува слично време со врнежи од дожд и снег на околните планини. Температурите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат.

Во текот на седмицата која е пред нас температурите ќе бидат пониски дури и за повеќе од 10 степени во однос на сегашните, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 12 степени во најтоплите југоисточни предели. Наутро пак температурите на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под нулата.

Инаку МОЌНИОТ студен бран ќе зафати поголем дел од Европа и Балканот, и на повеќе места ќе услови снег и снежна покривка, особено на Балканот, поради тоа што влажниот бран доаѓа токму од југ и југозапад (од Медитеранот).

НАПОМЕНА: Со овој голем влажен и студен воздушен бран снежна покривка би можела да се формира и на местата со надморска височина од под 1000 метри, и тоа во западните предели – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Т.Ц.

Ги закопаа секирите — Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ заедно подготвуваат луксузна прослава со 200 гости

Еспресо

(Фото) Со Јосиф на грб и Лена во кенгур — Ирина Камилоска планинари со двете мали деца

Еспресо

Почина големата Ведрана Рудан: „Отиде на подрачје без сигнал“

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 август: Бидете внимателни пред да донесете важна одлука

apostolova

(Фото) Манекенката Иларија Кирилов го покажа виткото тело во бикини

Еспресо
Се вчитува....