2.8 C
Скопје
23:38 - 11 март, 2026

Попоски: Температури до 44 степени под сенка, значително над просекот

– Во Македонија се до крајот на оваа, но и во текот на следната недела продолжуваат екстремно високите температури на воздухот и големиот топлотен Африкански бран. Температурите ќе бидат значително над просекот.

Во најголем дел од Македонија температурите ќе надминуваат 35 степени, на повеќе места тие ќе се искачуваат и до 40 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе надминуваат 40 степени, односно тие ќе се искачуваат во интервалот од 42 до 44 степени. Ув индексот и понатаму ќе има екстремно висока вредност (вредност 10), па затоа апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат што повеќе течности.

Оние кои мораат да работат, да избегнуваат работата да ја вршат директно на сонце.

Времето и во следните седум до десет денови ќе биде стабилно и суво, без врнежи.

Во Скопје максималната температура ќе се искачува до околу, а повремено и над 40 степени.

Ноќите на повеќе места ќе бидат тропски, што значи дека температурата нема да се спушта под 20 степени.

НАПОМЕНА: Горе наведените максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат над 50 степени, понекаде можно е тие да се искачуваат дури и до околу 60 степени.

Поради ваквата состојба, ние како најголем метеоролошки медиум во Македонија, активираме црвен метео аларм – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....