5.8 C
Скопје
05:07 - 1 април, 2026

Попоски: Студен бран ни доаѓа од север, ќе има и интензивни врнежи, еве кога

– Ова попладне особено во централните и во источните предели од Македонија, како и во Скопскиот регион е нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна и појава на НЕВРЕМЕ.

Под влијание на влажна и СТУДЕНА воздушна маса од север, од утре па се до крајот на оваа недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и овие денови се очекува да наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 30 л/м2).

Ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје и околината исто така следуваат почести врнежи од дожд и ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ температури.

Температурите од утре па натаму ќе бидат МНОГУ ПОНИСКИ за разлика од денешните, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО под просекот за месец мај и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16, 17 степени во најтоплите југоисточни предели. Наутро и во ноќните часови температурите на многу места ќе паѓаат под 10 степени.

На планините во регионот со овој студен бран повторно се очекува СНЕГ – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....