17:41 - 13 ноември, 2026

Попоски со метео прогноза: Какво време ќе имаме овој викенд?

– За време на овој викенд, нашата територија ќе биде под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која ќе услови променливо облачно и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите можно е да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Токму поради ова апелираме на претпазливост, односно во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

И во делови од Скопската котлина ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност.

Потоа во текот на следната седмица повторно во попладневните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, што значи дека атмосферата нема да биде во целост стабилна.

Сепак температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи, што значи остануваат без поголеми промени во однос на оние кои ги имавме до сега и тие ќе бидат летни – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.
Се вчитува....