8.8 C
Скопје
01:59 - 20 февруари, 2026

Попоски: Следува уште потопло време, можно е уривање на температурни рекорди, еве кога

– Поради екстремно високите температури на воздухот кој ја зафатија нашата држава, но и целиот регион и поголем дел од европа, ние како најголем метеоролошки медиум во Македонија, решивме да издадеме црвен метеоаларм за оваа недела.

Продолжува сушното и екстремно топло време и оваа недела. Температурите во најголем дел од државава ќе надминуваат 35 степени, додека на повеќе места тие ќе се искачуваат до околу, а во најтоплите централни и југоисточни предели и над 40 степени (односно до 43 степени под сенка)Кон крајот на неделава можно е да имаме температури дури и до околу, па и над 45 степени (под сенка). Можно е рушење на температурни рекорди. Исто така и ноќите ќе бидат “Тропски”, што значи дека температурите на повеќе места нема да се спуштаат под 20 степени.

Ув индексот во текот на целата недела ќе има екстремно висока вредност (вредност 10). На граѓаните ги советуваме без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат што повеќе течности, и секако да избегнуваат работа директно на сонце.

Температурата во Скопје особено кон крајот на неделава ќе се искачува до 40 степени, а според сегашните анализи и во Скопје се можни температури од над 40 степени.

НАПОМЕНА: Горе наведените максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки (локално над 50 степени, понекаде дури и до околу 60 степени на сонце).

Ектремно топло време имаме во цела јужна и југоисточна европа – вели метеопрогнозерот Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....