7.8 C
Скопје
20:53 - 30 март, 2026

Попоски: Силно невреме, па конечно ни доаѓа вистинско лето, еве кога

– Под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад, утре на многу места низ Македонија ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено од пладневните часови па натаму.

Поради големата енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, големо количество на воден талог за кратко време кое може да услови локални поплавувања, силни електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Градот локално би можел да биде покрупен.

Токму поради ова, апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи и во случај на силни електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Во Скопје и околината исто така ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

Температурите во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени, додека за време на викендот ќе дува засилен северен ветер и тоа поради продор на посвежа воздушна маса од север, и истиот ќе услови намалување на температурите.

Барем отсега гледано, поголем топлотен Африкански бран нашата територија, како и територијата на целиот регион ќе не зафати во текот на следната седмица. Ако вака останат работите, тогаш би можеле да уживаме во вистинското лето и во стабилно и суво време, исполнето со многу сонце – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо
Се вчитува....