13:15 - 5 декември, 2025

Попоски: Се приближува снежно невреме на Балканот, предупредување за оние кои ќе патуваат

– Под влијание на циклонска активност со центар над Џеновскиот залив и на влажни воздушни бранови од овој викенд, а особено од недела доцна попладне и навечер, како и во поголем дел од следната седмица во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд и иститите повремено ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (локално над 30 л/м2 воден талог). Снег ќе врне само на највисоките планини.

Во текот на ноќта недела кон понеделник локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и ЗАСИЛЕН ветер од јужен правец.

Од утре ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец (локално со брзина од над 60 км/час). Температурите остануваат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени, додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат и над 20 степени.

Во Скопје се очекува слично време со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Инаку регионот исто така од овој викенд, особено во недела ќе биде зафатен од СНЕЖНО НЕВРЕМЕ и тоа (планинските предели на Словенија, поголем дел од Хрватска и Босна и Херцеговина како и Србија). Понекаде во градовите низ овие споменети Балкански земји се очекува дури до околу 50 цм снег. На планинските места, особено во Горски Котар (Хрватска) дури до близу 100 цм снег (еден метар).

Долж Јадранот можни се и локални поплавувања, како и НЕВРЕМЕ. Сето ова ќе биде проследено со СИЛЕН ветер од североисточен правец (долж Јадранот СИЛНА БУРА). Температурите драстично ќе се намалат – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски и предупредува: Доколку нашите граѓани за време на викендот (особено во недела) планираат да патуваат во горе наведените Балкански земји да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, или да го одложат своето патување.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

Слични објави

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо
Се вчитува....