8.8 C
Скопје
19:29 - 31 март, 2026

Попоски: Променливо со врнежи, ќе ви треба ли чадор утре?

– Во Македонија во следните денови следува период на променливо време со повремени врнежи од дожд. Локално и повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. На највисоките планински врвови повремено ќе провејува и СНЕГ, додека температурите на воздухот повторно ќе бележат тенденција на опаѓање и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите ќе се искачат и малку над 20 степени.

Следната седмица ќе дува и ветер претежно од југоисточен правец. Ветерот повремено и тоа особено Долж Повардарието ќе биде и ЗАСИЛЕН на интензитет.

Во Скопје и околината се очекува слично време, односно променливо облачно со појава на повремен локален дожд. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 19 и 22 степени.

Во текот на следната седмица и понатаму температурите ќе бидат ПОТПРОСЕЧНИ за почетокот на мај месец, што значи ќе биде ПОСВЕЖО од вообичаеното- вели метеопрогнозерот Попоски. 

Слични објави

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо
Се вчитува....