6.8 C
Скопје
08:21 - 1 април, 2026

Попоски прогнозира: Кога и дали завршуваат екстремно високите температури за ова лето

– Барем според моменталните анализи со кој ние располагаме, со големото освежување и падот на температурите за десет степени кое се очекува кај нас во текот на ноќта среда кон четврток, завршуваат и овие екстремно високи температури на воздухот за ова лето.

Температурите на воздухот кој се очекуваат од четврток ќе бидат пониски од сегашните дури за десет степени, а наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под 15 степени, понекаде дури и под 10 степении тие ќе бидат под просекот за овој период од годината. Сево ова ќе биде проследено и со ветер од западен, а потоа и од северен правец.

Ветерот повремено ќе биде засилен на интензитет, повремено и силен. Сепак со овој продор на свеж воздух од север нема да има врнежи во Македонија, но во регионот му се закануваат нови Суперќелиски облаци и големо невреме. Во регионот ќе биде уште посвежо од Македонија и од среда – четврток максималните температури ќе бидат и под 20 степени.

Ние и понатаму континуирано ќе ја следиме состојбата и доколку дојде до некои промени, на граѓаните навремено ќе ги информираме, по потреба и предупредиме.

Инаку да напоменеме дека завчерашното невреме кое ја зафати Македонија, и истото беше доста силно и направи штети низ државава, навремено беше предвидено и според нашата алатка за рано предупредување на невреме “NOTHAS”- вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....