7.8 C
Скопје
20:44 - 1 април, 2026

Попоски: Опасност од невреме во следниве градови денес попладне

– Денес од пладневните часови атмосферата позначително ќе се дестабилизира во западните и во југозападните предели од Македонија, каде ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради енергијата во Атмосферата локално можни се поинтензивни Атмосферски процеси (невреме), проследено со интензивен пороен дожд, олуен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и покрупен. Токму поради ова апелираме на крајна внимателност, особено при појава на силни и чести електрични празнења (да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја).

На следната метеоролошка карта можете да погледнете дека денес попладне нестабилноста ќе биде поинтензивна во западните и во југозападните предели:

НАПОМЕНА: Поради локалноста на процесите, нестабилноста на некои места од овие предели (градови) би можела да изостане, односно воопшто да не се појави. Исто така помала нестабилност можна е и во делови од скопската котлина.

И понатаму останува многу топло, односно температурите нема многу да се менуваат во споредба со вчерашните – вели метеопрогозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо
Се вчитува....