12.8 C
Скопје
16:57 - 24 март, 2026

Попоски: Ни доаѓаат поинтензивни дождови, еве кога

– Во текот на оваа недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИНИ и проследени со појава на ретки грмежи.

Повремено на највисоките планински врвови на запад и на северозапад ќе провејува и СНЕГ, а температурите повторно ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе бидат под просекот за овој период од годината. Во следните неколку денови ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Во текот на следниот период локално ќе наврнат и над 20 л/м2 воден талог, особено во југоисточните предели од Македонија.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 18 степени, додека повремено во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачува и малку над 20 степени.

Во Скопје  и околината се очекува слично време, со појава на повремен локален дожд и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачува до околу 20 степени.

НАПОМЕНА: Во текот на следните неколку денови, температурите и понатаму ќе бидат под просекот за овој период од годината, односно ќе биде посвежо од вообичаеното. На долготрајна стабилизација на времето, но и  на вистинска пролет која би потрајала подолго не се надевајте засега – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Видео) „Можеби оваа тага ќе престане“: Пејачката објави емотивно видео од Зорица Брунцлик, се моли за нејзиното здравје

Еспресо

(Фото) Се огласи Кели Озборн откако ја раскинa веридбата, објави фотографија на социјалните мрежи

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо

(Фото) Енис Бешлагиќ го покажа синот: Сите коментираат колку личи на славниот татко

Еспресо

(Фото) „Момент на вечноста“: Тигар објави фотографија со Јована Јеремиќ во Виена

Еспресо

Ведрана Рудан за борбата со ракот: „Докторите ми ветуваа брза смрт. Две години умирам, а ништо не се случува“

Еспресо
Се вчитува....