21:32 - 13 ноември, 2026

Попоски најавува високи температури: Македонија под влијание на топла воздушна маса од Африка, еве колку ќе трае бранот

– Најновите анализи кои ние ги направивме укажуваат на тоа дека во следните десет дена територијата на Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса од Африка, и истата ќе донесе високи температури на воздухот, како и висок Ув индекс.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 23 степени, а максималните дневни температури ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени. 

Ув индексот ќе има многу висока вредност (вредност 8 ). Апелираме во следните денови и покрај тоа што не се очекуваат некои екстремно високи температури на воздухот, сепак без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да се пијат повеќе течности, и тоа поради високиот Ув индекс.

Да напоменеме дека во петок, како и за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за развој на изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно, суво и топло време со аксимални температури кои поради топлиот Африкански бран ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 34 и 35 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....