18:55 - 4 април, 2026

Попоски најавува високи температури: Македонија под влијание на топла воздушна маса од Африка, еве колку ќе трае бранот

– Најновите анализи кои ние ги направивме укажуваат на тоа дека во следните десет дена територијата на Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса од Африка, и истата ќе донесе високи температури на воздухот, како и висок Ув индекс.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 23 степени, а максималните дневни температури ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени. 

Ув индексот ќе има многу висока вредност (вредност 8 )Апелираме во следните денови и покрај тоа што не се очекуваат некои екстремно високи температури на воздухот, сепак без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да се пијат повеќе течности, и тоа поради високиот Ув индекс.

Да напоменеме дека во петок, како и за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за развој на изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно, суво и топло време со аксимални температури кои поради топлиот Африкански бран ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 34 и 35 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката по сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.
Се вчитува....