10:52 - 3 април, 2026

Попоски најавува уште поголеми временски непогоди и нови поголеми полавувања! Еве кога

– Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса, за време на викендот, како и во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНО, на многу места со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Локално во следните дестина денови ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 60/70 л/м2 воден талог). Постои нова опасност од нови ГОЛЕМИ ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ. АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Во Скопје и околината исто така во следниот период ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината постои опасност од појава на НЕВРЕМЕ.

Температурите во почетокот на следната седмица ќе бидат во пад, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25, 26 степени во најтоплите централни и југоисточни предели.

За првиот изразен Африкански топлотен бран и понатаму ќе се изначекаме, и треба да се навикнеме на честите големи временски непогоди, како што беше случајот во Делчево, дури временските непогоди ќе бидат уште поголеми од оние кои се случија во Делчево, каде штетите од невремето се огромни – вели мтеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо
Се вчитува....