7.7 C
Скопје
00:14 - 1 април, 2026

Попоски најавува снег и во градовите, еве кога

– Под влијание на изразена циклонска активност со центар над Џеновскиот залив, до самиот крај на оваа недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Снег ќе врне само на највисоките планински места и тоа особено на северозапад. Локално врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и ОБИЛНИ (над 70 л/м2) со што е можна појава на локални поплавувања.

Особено утре локално ќе биде и нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер. Ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец (повремено со брзина од над 80 км/час).

Температурите ќе бидат високи за овој дел од годината и речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат и до околу 18 степени.

Поголемо заладување на времето и врнежи од снег и на пониските места (градови) ќе има за време на викендот. Тогаш на планинските места ќе се формира позначителна снежна покривка (над 30 см) а помала снежна покривка ќе се формира понекаде и во градовите, – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски на напоменува дека снегот кој се очекува во градовите за време на викендот ќе биде мокар и краткотраен.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....