7.8 C
Скопје
00:30 - 31 март, 2026

Попоски најавува нови временски непогоди, еве кога

– Под влијание на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса од југозапад, и во следните десет денови во Македонија продолжува МНОГУ НЕСТАБИЛНОТО време, од пладневните часови со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради големата енергија во Атмосферата, и понатаму локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. 

Локално и во следните десет денови ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог, со што повторно е можна појава на нови ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ, па токму поради ова АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, особено во случај на појава на НЕВРЕМЕ.

И во Скопје и околината во следните денови ќе има честа појава на попладневен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.

Во најава нема никаков поизразен топлотен Африкански бран, па така и температурите остануваат без поголеми промени, и максималните дневни температури и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

За изразен топлотен Африкански бран и понатаму ќе се изначекаме, го нема во најава во текот на целиот овој месец – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....