19:39 - 17 ноември, 2026

Почина Рој Тејлор, со години се бореше со тешка болест

Почина Рој Тејлор, потврди неговото семејство.

Поранешната евровизиска ѕвезда се бореше со ретка болест, а веста за неговото заминување од овој свет ја потврди и неговото семејство преку објава на социјалните мрежи на неговата хуманитарна организација Watch Your Back MND.

„Со длабока тага сакаме да ја објавиме смртта на нашиот татко и херој Рој Тејлор. Преку неговата заразна позитивност во изминатите неколку години, тој постигна многу во борбата против MND. Беше неверојатен татко и воопшто човек, беше неверојатен музичар“, напишаа од фондацијата.

Рој Тејлор се прослави кога неговиот бенд Jump the Gun учествуваше на изборот за песна на Евровизија во 1988 година и го освои осмото место.

Тој отворено зборуваше за неговата битка со болеста на моторните неврони (MND) и објави бројни синглови за да собере средства за истражување на оваа состојба.

Инаку, болеста на моторните неврони е состојба која полека оштетува делови од нервниот систем, што доведува до слабост и губење на мускулите.

Слични објави

Тања Савиќ искрено проговори за борбата за потомство со Муки: „Би посвоиле дете“

Еспресо

Насилникот не смее да биде почитуван, а жртвата да живее во страв – кога молчењето станува соучесништво

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ на семејната слава кај Жељко Митровиќ: Ја покажа раскошната декорација, а друштво ѝ правеше и ќерката Леа

Еспресо

(Видео) Песната ја вратила од годините на молк по смртта на синот – Кратово со концерт ќе се сеќава на Вања Лазарова

Еспресо

(Фото) Северина во издание што не поминува незабележано: палто претворено во фустан, градник и кристали

Еспресо

(Фото) Николина Пишек направи промена, ја покажа новата фризура: „Најлошо е кога ќе отидеш на фризер за да те потстриже и…“

Еспресо
Се вчитува....