8.8 C
Скопје
11:02 - 1 април, 2026

Попоски најавува нови поројни дождови и временски непогоди, еве кога

– Под влијание на нова циклонска активност, повторно од југоисток, како и на влажна и на нестабилна воздушна маса, во следните десет денови во Македонија повторно ќе имаме МНОГУ НЕСТАБИЛНО време, во попладневните и вечерните часови на многу места ќе има поројни врнежи, грмежи и засилен ветер.

Поради ЗНАЧИТЕЛНОТО загревање на Атмосферата, локално процесите повторно ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер и со појава на град.

Токму поради ова АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ. Во деновите кои се пред нас исто така постои опасност од нови локални и ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ, зголемување на нивоата на реките и на езерата низ Македонија, како и можно излевање на некои реки.

Во Скопје и околината исто така ќе има честа појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и Засилен ветер. Во делови од котлината исто така е можна појава на НЕВРЕМЕ.

Температурите на воздухот остануваат без промени и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат до 30 степени. Помал пад на температурите очекуваме по 10-ти јуни, односно следната седмица – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....