5.8 C
Скопје
01:39 - 1 април, 2026

Попоски најавува нов голем пад на температурите, невообичаено за мај, еве кога

– Поларниот вртлог ќе ни прави друштво уште долго време, постојано ќе бидеме под влијание на продор на СВЕЖИ воздушни маси од север кој се НЕВООБИЧАЕНИ за овој период од годината. Од вторник очекуваме нов ГОЛЕМ ПАД на температурите на воздухот, кои дури и во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија ќе бидат под 20 степени.

Од вторник исто така на многу места максималните дневни температури ќе бидат дури и под 15 степени, а на највисоките планински врвови на запад и на северозапад од Македонија ќе има услови дури и за повторно провејување на СНЕГ.

Инаку во новата седмица која е пред нас во Македонија ќе има честа појава на врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со порое н дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, а можна е и појава на локално НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на суградица и на град.

Во седмицата која е пред нас локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 30 л/м2).

И во Скопскиот регион во новата седмица ќе има почести врнежи, повремено поројни а можно е и локално НЕВРЕМЕ. Температурите од вторник ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО под просекот за месец мај, односно тие ќе бидат под 20 степени- вели метеопрогнозерот Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....