7.8 C
Скопје
01:58 - 23 март, 2026

Попоски најавува многу дожд и нова снежна покривка, еве кои денови

– Под влијание на влажна и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север, од понеделник во Македонија ќе дува умерен до ЗАСИЛЕН ветер од северен и од североисточен правец и ќе има врнежи од дожд низ целата држава. На повеќе места и тоа особено во понеделник попладне и навечер врнежите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2 воден талог).

На планините и на повисоките места во западните предели ќе има врнежи од снег и ќе дојде до формирање на снежна покривка.

Снежната граница особено во западните предели можно е да се спушти до околу, локално и под 1000 м.н.в.

Температурите ПОЗНАЧИТЛНО ќе се намалат (дури и за повеќе од 10 степени во однос на сегашните), и во текот на следната работна недела максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 12 степени во најтоплите југоисточни предели.

НАПОМЕНА: Температурите кои се очекуваат во текот на следната седмица ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ од вообичаените за овој период од годината, и наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под нулата – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

Слични објави

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо
Се вчитува....