06:23 - 4 април, 2026

Попоски: Дожд и снег, силен ветер над 80 км/час, еве кога

Под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса која ќе се спушти од север, вечерва и во текот на ноќва кон утрешниот ден врнежите од дожд на местата со надморска височина од 1000 метри па нагоре ќе преминат во врнежи од снег, каде се очекува формирање на не многу голема снежна покривка. Утре провејување на снег е можно понекаде и на местата со надморска височина од под 1000 метри.

Ќе започне да дува СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец и истиот локално ќе достигнува брзина дури и над 80 км/час. Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Во Скопје и околината брзината на северниот ветер ќе достигнува до околу 70 км/час.

Утре максималната температура ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКА за разлика од денешната и ќе се искачува во интервалот само од 2 до 11 степени.

МНОГУ СТУДЕНО утро ќе имаме во среда (невообичаено студено за крајот на месец март) кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, а на високите планински северозападни предели дури и до околу -10 степени. Се очекува појава на умерен до ЗАСИЛЕН мраз – Сето ова МНОГУ ЛОШО ќе се одрази врз овошките.

Минусни температури и мраз ќе ни донесе утрото и во четврток, додека во текот на денот следува ново ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето и ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ на температурите, што значи дека ни следува МНОГУ ПОТОПЛО време од четврток па натаму, а ќе биде и претежно стабилно со МНОГУ ПОВЕЌЕ сонце – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....