12:03 - 13 ноември, 2026

Попоски: Дали да земете чадор за најголемиот христијански празник Велигден

– За време на најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, и во текот на следната седмица под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од запад, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Услови за врнежи од снег повремено ќе има само на највисоките планински места. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со засилен ветер во зоната на нестабилност.

Во Скопје исто така ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината има услови врнежите да бидат поројни и проследени со грмежи, како и со засилен ветер.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

Пред нас е доста променливо и нестабилно време, со почести врнежи кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер, што значи дека најголемиот христијнаски празник ќе го поминеме со чадорите во рака.

Христос Воскресна – Навистина Воскресна и за многу години! Пркерасен помин Македонијо! – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....