6.6 C
Скопје
03:43 - 1 април, 2026

Почина внукот на Боб Марли: Имаше 31 година, пронајден во автомобил

Џозеф Мерс Марли, внукот на Боб Марли, почина на 31-годишна возраст, пишува магазинот People.

Неговиот портпарол ја потврди смртта.

Според радиото WZPP, Јозеф бил пронајден во неговиот автомобил, но официјалната причина за неговата смрт се уште не е објавена.

Јозеф е јамајканско-американски уметник. Од него се прости и премиерот на Јамајка.

– Нека најде вечен мир додека ние го оплакуваме неговото заминување – рече Ендрју Холнес.

Роден е во Јамајка во 1991 година, но на 11-годишна возраст се преселил во Мајами.

Тој беше во музичкиот свет од рана возраст. Џозеф ја објави првата песна во 2010 година, а целиот албум беше објавен во 2014 година. Минатата година го издаде својот втор и последен албум.

Додека ги промовираше песните, Џозеф зборуваше за својот дедо.

– Секогаш ги слушаме мислењата на луѓето за улогата што ја играше не само како член на семејството и татко, туку и во светот и влијанието што го имаше врз реге заедницата и културата – изјави своевремено Мерс.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....