3.8 C
Скопје
05:30 - 17 март, 2026

Почина славниот комичар Норм Мекдоналд

Норм Мекдоналд

Почина Норм Мекдоналд, омилениот комичар во улога на водител на „Weekend Update“, популарниот додаток на шоуто „Saturday Night Live“.

Мекдоналд почина на 61-годишна возраст. Комичарот се борел со рак со години, но својата дијагноза се обидувал да ја држи во тајност, изјави неговата пријателка и соработничка Лори Џо Хоекстра за „Си-Ен-Ен“.

„Беше горд на својот хумор. Никогаш не сакаше да дозволи дијагнозата да влијае на тоа како ќе го гледа неговата публика или неговите најблиски. Норм беше чиста комедија. Еднаш напиша дека шегата треба да ги изненади луѓето, а не да им се додворува. Тој секако дека никогаш не се додворуваше. Ужасно ќе ми недостасува“, рече таа.

Норм Мекдоналд е роден во 1959 година во Квебек, Канада. Својата кариера ја започна како стенд-ап комичар и настапувал во низа клубови низ Канада.

Во 1987 година добил можност да настапи на фестивал за комедија во Лос Анџелес и потоа одлучил да се пробие до Холивуд. Работел на сценариото за серијата „Roseanne“ во 1992 година.

Наскоро се приклучи на тимот на „Saturday Night Live“, каде се истакнуваше со своите одлични имитации на познати личности, и беше домаќин на „Weekend Update“ од 1994 до 1998 година.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....