12:31 - 7 ноември, 2026

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Македонскиот пејач Маријан Стојаноски соопшти тажна вест дека починал неговиот син Петар, кој имал неполни пет години.

Стојаноски ја сподели веста на својот профил на Фејсбук, каде што се прости од својот син со кратка и емотивна порака.

„Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“, напиша пејачот.

Петар е роден во декември 2021 година. Стојаноски засега не соопшти повеќе детали, ниту ја откри причината за смртта на момчето.

По објавата, голем број пријатели, познаници и следбеници му упатија пораки со сочувство и поддршка на семејството во овие тешки моменти.

Маријан Стојаноски и неговата сопруга Наташа, покрај Петар, имаат и две ќерки.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....