2.8 C
Скопје
13:18 - 17 декември, 2025

(Фото) Почина само неколку месеци по лошата дијагноза: Ана Костадиновска сподели срцепаретелен спомен од сопругот

Ана Костадиновска сподели срцепаретелен спомен на сопругот кој почина во 2022 година, кога нивната ќерка имаше 11 години.

По само една и пол година, почина нејзиниот татко, големиот композитор Кире Костов кој напиша бројни песни што останаа евергрини.

А, на тој кобен 16 март во кочанската дискотека „Пулс“, Ана која е во професор по пеење во музичкото училиште во Скопје,  ја изгуби својата другарка која ја сакаше како сестра, Сара Пројковска која исто така пееше придружни вокали со неа.

Истата вечер, заминаа уште неколку членови на групата „ДНК“, на 14 октомври, а по седум месеци борба во болница и Владимир Блажев-Панчо.

Ана имаше многу губитоци за кратко време, но продолжи да пее и да ги слави спомените на своите најмили. Таа сподели еден спомен од неа, Сара, Андреј и Панчо како ја пеат песната „Што сака нека биде“.

Фото/ Фејсбук

Но, сподели и спомен од својот сопруг Бобан, со нивната ќерка од пред седум години.

– Сопругот ми беше морална, духовна, професионална поддршка. Не беше музичар по професија, но одлично ја познаваше музиката.

Имаше здравствени тегоби краток период. Потоа сè се случи толку брзо, со брзина на едно трепнување. Дијагноза, операција. Не дочека да се опорави. Состојбата му се искомплицира и си замина.

Болката си стои, тагата ми е чест гостин, солзите ми се секојдневие. Но, не сакам да гледам на мојата приказна со тага. Имав привилегија 15 години да живеам во љубов, слога и мир со прекрасен човек и совршен татко – рече Ана во една прилика за „Женски магазин“.

Фото/Фејсбук

Слични објави

Специјално видео од синот Благоја, сподели Адријана Алачки со посебен повод

msp-admin

(Фото) Едвај ги задржа градите: Едита Арадиновиќ провокативно позираше во бунда и крзнен костим за капење

Еспресо

(Видео) Колкаво срце имал Андреј од „ДНК“, раскажа неговата сопруга Наталија

Еспресо

Љубовта на Неда Украден кон угледниот лекар веќе не е тајна: Наеднаш сè „пукнало, па судбината повторно ги спои!

К.С.

„Швалерајот“ ги раздели моите, со татко ми бев скарана и по две години го видов мртов: Исповед на Ивана Кнез

Еспресо

Јована Јеремиќ откри колку пари заработува за само еден час: „Плаќам жена да ми исчисти, не сакам да си го губам времето“

Еспресо
Се вчитува....