8.8 C
Скопје
07:13 - 18 октомври, 2026

(Фото) Еве што сподели Каролина за Михаил, таа е секогаш на негова страна

Каролина Гочева е секогаш на страната на нејзиниот сопруг, Михаил Корубин кој е познат ликовен уметник и негова голема поддршка.

Корубин неодамна имаше изложба на која дојдоа многу пријатели, а најголем ветар во грб му е секако семејството, а меѓу нив е и Каролина.

Нашата музичка ѕвезда споделила едно видео од изложбата на Михаил Корубин, во кое тој им се заблагодарува на сите кои ја посетиле овие денови.

– 28.10.2025 е последниот ден на изложбата @artokens генеза. Ви благодарам уште еднаш што дојдовте и се надевам ќе се видиме набрзо на следната – напишал уметникот.

А меѓу луѓето кои се на видеото е секако Каролина, среќна и насмеана за успехот на својот сопруг, како наздравува со вино.

Фото/Инстаграм

Каролина за една српска телевизија искрено раскажа за својата љубовна приказна со уметникот Михаил Корубин, со кого е во брак од 2017. Каролина беше доста искрена и духовита во одговорите.

– Во Холивуд се сите со помлади мажи. Тоа е тој светски тренд, а јас сакам да ги следам трендовите. Не, се шегувам. Едноставно, ќе се споиш со некоја личност, особено како возрасни луѓе. А, ние веќе бевме во триесеттите кога се запознавме – рекла таа.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....