9.8 C
Скопје
14:45 - 31 март, 2026

Почесна „Златна палма“ за Мајкл Даглас, а Џони Деп се враќа како кралот Луј XV

Вечерва свечено е отворен 76 филмски фестивал во Кан со премиера на драмата од периодот на Луј XV , „Жана де Бари“ (Jeanne du Barry), со Џони Деп.

Канскиот филмски фестивал е изложба на најдобриот светски филм, спектакуларен црвен тепих.

Свеченоста ќе опфати церемонија на отворање, каде што Мајкл Даглас треба да ја добие почесната „Златна палма“. Подоцна, иста таква чест ќе му биде укажана и на Харисон Форд, ѕвездата на „Индијана Џонс“. Ќе биде претставено и жирито, кое ќе одлучува за главната награда на фестивалот, престижната „Златна палма“.

Најголемите имиња во меѓународната филмска продукција пристигнаа на француската ривиера за најпрестижниот филмски фестивал. Харисон Форд, Леонардо ди Каприо и Фиби Волер Бриџ ќе бидат меѓу ѕвездите што љубителите на филмот ќе може да ги видат на црвениот тепих.

Филмовите на Мартин Скорсезе, Вес Андерсон и Кен Лоуч премиерно ќе бидат прикажани на фестивалот заедно со десетици други.

Ќе се појави и Џони Деп, кој се враќа на филмското платно првпат по маратонските правни битки со поранешната сопруга Амбер Херд.

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....