3.8 C
Скопје
04:32 - 24 октомври, 2026

Најубавата жена на светот го отвори гламурозниот фестивал – Кетрин Денев заштитно лице на Кан

Актерката Кетрин Денев вечерва официјално го прогласи за отворен 76. Кански филмски фестивал на свеченост што ја водеше нејзината ќерка, глумицата Кјара Мастројани.

„Го прогласувам 76-от Кански фестивал за отворен“, рече Данев, легендата на француската кинематографија, зборувајќи покрај американскиот актер Мајкл Даглас, кој ја изговори истата реченица на англиски неколку минути откако му беше врачена почесната Златна палма.

Денев годинава е заштитно лице на фестивалот, а нејзин огромен портрет е на влезот од палатата. Црно-белата фотографија е од 1968 година од продукцијата на „La chamade“ во режија на Ален Кавалие.

Во своето обраќање Денев рече дека „многу мисли на Украина“ и изрецитира песна од украинската поетеса Лесја Украинка.

По отворањето ќе биде прикажан филмот „Жан ди Бери“ на француската режисерка Мајвен, со Џони Деп во главната улога, каде што тој го игра Луј XV.

Натпреварувачкиот дел почнува утре со два играни филма „Монструм“ на Јапонецот Хироказу Коре-Еда и „Враќање“ (Le Retour) на Французинката Катрин Корсини.

За Златната палма се натпреваруваат вкупно 21 филм, а меѓу режисерите во конкуренција се и седум жени, што е рекорд за овој филмски фестивал. Со деветчленото жири на фестивалот претседава Рубен Остлунд, кој минатата година ја доби втората Златна палма за филмот „Триаголник на тагата“.

Слични објави

„Не треба само да се оди во естетски салони“: Неда Украден откри како ја одржува витката фигура

Еспресо

„Џабе се потоа станови и скапи школарини“: Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ не отстапуваат од ова златно правило за ќерката Нина

Е.А.

„Пеење се слуша секоја вечер“: Соседите открија што се случува во луксузниот дом на Милан Станковиќ

Е.А.

(Фото) Големо славење во домот на Анѓелка Прпиќ, честитките пристигнуваат, се огласи и нејзината кума

Еспресо

Калиопи искрено проговори за посебниот однос со Ромео Грил: „Слепо му верувам, со него имаме посебна врска повеќе од 40 години“:

Еспресо

Никола Роквиќ за последната година од животот на татко му Маринко: „Од самиот почеток знаевме дека нема помош“

Еспресо
Се вчитува....