03:08 - 11 април, 2026

По победата на Лорин: Покрената е петиција за укинување на жирито на Евровизија

Откако шведската претставничка Лорин победи на Евровизија со песната „Тетоважа“, многумина коментираат дека всушност стручното жири ѝ „дозволило“ да победи.

Имено, таа од жирито доби вкупно 340 поени. Членовите на стручното жири од дури 15 земји ѝ доделија на Шведска најголем број поени и со тоа ја одведоа до победа.

По Лорин, најмногу поени од жирито доби Израелката Ноа Кирел со песната „Еднорог“, вкупно 177.

Претставникот на Финска, чија победа на Евровизија ја посакуваа многумина, доби само 150 поени од жирито. Публиката му даде дури 376 поени, додека Лорин доби многу помалку, 243 поени од глаедачите.

По прогласувањето на победникот, многумина ја критикуваа наклоноста на жирито кон Лорин, а беше покрената и петиција за укинување на стручното евровизиско жири.

Досега се потпишани над 5.200 луѓе.

принтскрин

Во образложението зошто е покрената петицијата за укинување на жирито, се посочува дека долги години се расправа за гласовите на жирито. Истакнато е и дека петицијата е покрената поради гласовите што жирито и ги додели на Шведска на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, кои не се во согласност со поширокото јавно мислење.

– Долги години постои загриженост за гласовите на жирито, кои на моменти значително се разликуваа од гласовите на јавноста. Дополнително, загрижувачко е и перципираното пристрасно гласање кон одредени земји. Со цел да се задржи интегритетот на Евровизија и да се загарантира нејзината иднина, предлагаме ревизија на процесот на гласање. Сметаме дека во интерес на натпреварот и неговите учесници е сите жирија да бидат отстранети од процесот на гласање. Ваквиот пристап ја зајакнува јавноста, дозволувајќи ѝ нејзиниот колективен глас да биде единствената одредница за резултатот на натпреварувањето – стои ви соопштението.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....